Иванов на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на ОН

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Женева, Швајцарската Конфедерација, ќе учествува и ќе се обрати на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на Обединетите Нации, со што ќе биде отворена неговата 28-ма сесија.
Предвидено е, во рамки на учеството на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права, претседателот Иванов да оствари средби со високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ра‘ад Ал Хусеин, со претседавачот на Советот за човекови права, Јоаким Рукер, со вршителот на работите генерален директор на ОН во Женева, Мајкл Молер и со генералниот директор на Меѓународната организација за миграција, Вилијам Лејси Свинг.
Република Македонија е членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации во периодот од јануари 2014 до крајот на 2016 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








