Груевски: Го остваруваме ветеното - целосно и навремено исплаќање на субвенциите

 

За лозарството досега се исплатени речиси 400 милиони денари, а од утре почнува исплатата на дополнителни 150 милиони денари, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево, Груевски нагласи дека најголем дел од овие средства се за лозарите во кавадaрeчкиот регион.

- Се работи за остварување на тоа што го имаме ветено во овој крај, дека во целост и навреме ќе ги поддржиме лозарите и другите земјоделци. Исплаќањето на субвенциите оди според предвидената динамика, така и ќе прoдолжи. Тоа што сме го зацртале и што сме го ветиле, ќе го оствариме и го остваруваме досега, напомена Груевски. 

За растителното производство, додаде, вкупно ќе бидат исплатени 850 милиони денари

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега