Вистината на виделина: Доказите и признанијата ја открија агентурната мрежа на Верушевски и Заев
![]()
Вистината излезе на виделина. Тотално е разобличена шемата за конструкции која Зоран Заев невешто ја градеше.
Првата пресуда за случајот ПУЧ ги открива деталите за работењето на криминалната група предводена од Зоран Верушевски.
Звонко Костовски кој завчера доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.
Агентурната мрежа на Верушевски и Заев, односно прво и четвртоосомничениот во акцијата „Пуч“ е целосно откриена на очиглед на јавноста.
Во пресудата која Сител ја добил користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека делата на вработениот во МВР кој завчера беше осуден започнале во 2010.
Преку вториот вработен во МВР, тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности.
Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на високи функционери и лица познати од јавно-општествениот живот.
Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.
Зоран Верушевски сето ова го правел неовластено, а згора на се, “дебело“ плаќал за услугите.
Според аналитичарите, документацијата му застана на патот на Зоран Заев, кому не му успеа шемата да ги намести Груевски и Мијалков.
-Го имаме тврдењето од првичните материјали во коишто Заев тврди дека материјалите му се од странски служби. Е сега се уште не е јасна врската, дали Верушевски ги дал на странските служби, па овие му ги дале на Заев, или дали Верушевски му ги дал на Заев, а биле наменети за странски служби или пак Верушевски му ги дал на Заев, а со дозвола од тие странски служби за кои што можеби првично се снимени, и по чии налог се тие снимени. Тврдењето на Заев е дека Мијалков и Груевски ги нарачале, а ние гледаме дека од 20 разговори Мијалков го има во 10 разговори, а и Груевски се појави во псоледните, е сега Заев се вади дека само помеѓу нив нема разговори, меѓутоа дури и да е така, зошто потоа доколку Сашо Мијалков го нарачал тоа би го архивирал својот разговор или зошто би му требале преводи од истите на англиски јазик. Не ми е јасно доколку е како што тврди Заев, зошто тие разговори се архивириани, за нив има и транскрипти, зошто Мијалков би правел траскрипт за свои разговори, зашто ќе му се. Таа теза воопшто не држи вода, рече за Курир аналитичарот Владимир Божиновски.
Како кула од карти се растури целокупното сценарио креирано на Бихаќка, а на терен спроведувано и од медиумите финансирани од СОРОС. Нивната цел да се креира дестабилизација во земјава, пропадна во вода.
Според првичните сознанија, откако Зоран Заев започна да ги упатува заканите кон премиерот, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверка и утврди дека повремено на различни локации главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушкување и снимање на телефонски разговори, користејки мобилна опрема, чија локација постојано се менува, а која функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици.
Сето ова, дополнително се разработува. Во меѓувреме, упатените велат дека вистината и фактите треба да се појават во судската постапка.
Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Владо Камбовски рече дека Јавното обвинителство треба да ја држи сега целата оваа ситуација кога постојат основи или основано сомневање дека се сторени казнени дела „незаконско прислушување“.
-Во една правна држава, а таква треба да биде нашата држава, вистината за фактите мора да се појави само во судска постапка. Секоја друга вистина е релативна. Вистината во медиумите, вистината во поединечните кажувања мора да ја прифатиме со резерва. Значи, судската постапка е таа која обезбедува, низ една контрадикторност, насочување на сите факти да се стигне до правната вистина. Таа е исто така релативна, но многу помалку релативна отколку едностраничните гледања врз фактите кои не поминуваат низ една таква процедура, истакна Камбовски.
Обидот за дестабилизација потона во вода. Планот на Заев остана закочен меѓу целите кои се рушат пред него. Премиерот Никола Груевски со својот говор пред два дена ги турна во вода сите обиди на Зоран Заев да ги заплаши граѓаните и да креира дестабилизација на Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









