Утре 11 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

 

Во авионска несреќа што се случи на утрешен ден во 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски заедно со осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар, Босна и Херцеговина.

За несреќата која се случи пред 11 години во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаи, на две комисии со кои раководеа Сaлко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.  И во двата извештаи, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се пилотските грешки и други индиректни системски пропусти.

Во првиот извештај како директна причина за падот на „кингерот“ се наведени „процедурални грешки во приодот за слетување, по висина и по место, на аеродромот во Мостар, на контролиран лет“. Во вториот се наведени и системските пропусти, а е објавен и транскриптот од црната кутија односно целиот разговорот меѓу пилотите и разговорот со контролата на летање. 

Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во Македонија и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на „кингерот“, стои во новиот извештај што го презентираше Кулиќ. Меѓу индиректните причини ги наведе и СФОР и воздухопловните власти во БиХ, kако 

Сотир Костов, македонски претставник во Комисијата, изрази задоволство како е сработен извештајот во воздухопловниот дел, но рече дека во целост не се согласува со обесчестувањето на РМ во 2004 година на која и е скриена вистината за падот на „кингерот“. 

Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега