Се закануваат со линч, пиштоли и измачување- “перата“ на СДСМ во тешка нервоза

 

Очигледна е нервозата кај медиумите блиски до СДСМ, финансирани од СОРОС и кај новинарите кои ги бранат политиките од Бихаќка.

Соочени со фактот што граѓаните не го одобруваат искреираното сценарио на Заев и опозицијата, тие прибегнуваат кон експлицитен говор на омраза и дрски напади врз лична основа.

Се повидливи се манипулативните текстови кои се полни со гнев и омраза, пласирани во сите медиуми кои се платени од СОРОС. Битката која тие ја водат во име на СДСМ ги премина границите во повеќе основи и почна да станува ринг на кој тие се борат со навреди кон поединци.

Оние на кои “устата пена им фати“ барајќи слобода на говор и слобода на медиуми станаа првите кои со жестоки навреди и груби невистини се обидуваат да се пресметаат со неистомислениците. Така, земајќи високи хонорари од СОРОС, тие први ја одземаа слободата на изразување кај поедниците кои ги нападнаа.

Игор Мицковски, човекот кој секој ден го менува политичкиот став, ја напаѓа жолчно опозицијата, па ја брани, за писателот и режисер Александар  Русјаков  вели дека е дел од џелатите на слободата и човековото достоинство и го нарекува нацист.

-Здруженијата за одбрана на Македонија, или овие на Русјаков со Македонскиот манифест, кои и во минатото ја имаат докажано својата инфантилност и деструктивност, се доказ дека и возрасни мажиња имаат проблем со вишокот на адреналин, тестостерон и хормонални дисбаланси. Да беа во Сирија или Ирак, сигурен сум дека веќе ќе беа регрутирани во ИСИС, да беа во некоја демократска земја, сигурно ќе беа во некоја нацистичка нишка која се издерава против црнци и имигранти. Но, ете ја имаме колективната несреќа да се родени и живеат со нас во Македонија, и тука се нацисти-слуги на режимот на Груевски. Фактот што не колат е олеснителна околност, но секако дека се дел од џелатите на слободата и човековото достоинство. Како и да е, логиката која постои зад овие мажиња е истата секаде, напиша Мицковски.

Бранко Тричковски пак бара праќање на луѓе од Македонија во Гвантанамо каде ќе бидат ставени во кабините за измачување. Еве го неговиот Фејсбук статус:

„Американската администрација би можела да им ги поништи визите и да им забрани влез во САД на политичари, претставници на судската власт, медиумски работници, бизнисмени и на други официјални лица за кои постојат сомневања за корупција, перење пари и за кршење на човековите права, пишува денешен "Вест"! Одлично! 
На тој начин Америка ќе ги заштити своите вредности од опасноста што со себе ја носи бандата на Џеси Џејмс од Македонија, арно ама ние во Македонија скроз ќе наебеме ако нашите криминалци нема кај да одат. За нас, а верувам и за Американците, би било идеално ако САД ја отворат макар својата територија во Гвантанамо! Луѓето си имаат портокалови мантии, така што можат веднаш да се стават во кабините за измачување кај што ќе треба да кажат кај се парите ( делиме пола- пола) и да го откријат софтверот на злосторничкиот потфат со кој ја уништија Македонија“!

За потсетување, Тричковски правеше алузија за убиството со снајпер на премиерот и сечење на Ставрески.

Саше Политико, познат по својата некултура и безобразност на највисоко ниво,  во колумна на Мактел му посакува на Трендо да лежи на земја со пиштол во уста, притоа навредувајќи го со погрдни зборови.

Со лаги и замајување на јавноста користејќи тешки квалификации, измислици и навреди, овие медиуми буквално се изгубија во своите приказни.

Така, пишуваа и за тоа дека Ставрески кршел во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, додека вицепремиерот беше во Англија на средба со инвеститори. Објавија и лага дека Ставрески си поднел оставка, а тој беше на службен пат.

Овие луѓе секојдневно го исполнуваат медиумскиот етер со говор на омраза, а токму тие бараат слобода на говор.

Ваквата ситуација беше надополнета и со новиот скандал кој се отвори по прикажувањата на видеата каде јасно се гледа дека Љубе Бошковски тргувал со името на нашата земја и заедно со Велија Рамковски тргувале за сметка на уривање на кредибилитетот на новинарите. Тоа покажува една спрега која од тогаш постоела меѓу новинарските пера на СДСМ.

Видеата кои јавноста ги виде покажуваат дека и други новинари од А1 се најдоа на листите- тоа се Сафет Бишевац и Ленче Николовска што отвора дилема дали и зад тоа седел пазар на СДСМ и сопственикот на А1 телевизија.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега