Средба Иванов-Морнар: Динамизирање на соработката во образованието

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими хрватскиот министер за наука, образование и спорт Ведран Морнар.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, било разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска во сферата на образованието, науката и спортот.
- Особено сум задоволен што одличните политички односи меѓу двете држави се рефлектираат со конкретна соработка во останатите области како што е образованието, истакнал претседателот Иванов на средбата.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од досегашната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска во образовниот систем и изразиле очекување со склучувањето на Програма за соработка во областа на науката и технологијата за периодот 2015-2018 година, уште повеќе да се динамизира соработката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








