Попоски на неформалниот министерски состанок на земјите-членки на ПСЈИЕ

 

Во Тирана, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Состанокот го отвори Претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, кој во својство на претседавач со ПСЈИЕ ги изложи акцентите и активностите вo текот на претседавањетo со Процесот.

Претставниците од земјите членки усвоија заедничка  изјава за тероризмот. Во својата интервенција, Министерот Попоски посочи дека: "Реализацијата на развојните проекти со регионално значење се охрабрување за справување со бројни заеднички регионални грижи.

Tерористичкитe напади потсетија дека меѓународниот тероризам налага одлучно и единствено дејствување на меѓународната заедница.  Заканата за сите нас ги надминува државните граници. Нашиот одговор мора да биде над-национален. Соработката меѓу државите во оваа борба е неопходна."

Во рамките на соработката воспоставена во Берлин за земјите од Западен Балкан беше одржан состанок на министрите за надворешни работи на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.Состанокот беше во правец на подготовка на годишниот самит во Виена.

"Разговаравме за приоритетните проекти во енергетско, патно и железничко поврзување. Во овој дел, финансискиот удел од ЕУ фондовите е клучно" – истакна Министерот Попоски.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега