Попоски на состанок на ПСЈИЕ во Тирана

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Тирана ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Како што најавија од МНР, се очекува Попоски да се обрати и да ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на унапредување на регионалната соработка, особено во форматот на ПСЈИЕ. Од особено значење е поврзувањето на регионот преку развивање и модернизација на инфраструктурата, што би поттикнало зголемен економски развој, трговија и привлекување на странски инвестиции за сите земји во регионот.
Во рамките на состанокот, во присуство на високи претставници на Европската унија и генералниот секретар на РСС, се очекува да се потпише и Заедничка изјава против било какви акти на тероризам, соопшти МНР.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








