ФОТО: Масовна поддршка за ГДОМ, кумановскиот театар претесен

 

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржува трибина во Куманово. Трибината на ГДОМ започна во 19 часот во кумановскиот Театар, кој е преполн и не може да ги собере сите граѓани кои даваат поддршка на движењето.

 

Кумановци вечерва го ставија својот потпис за поддршка на движењето и масовно се кренаа против, како што нагласија внатрешниот непријател помогнат од странски центри. Граѓаните присутни на трибината даваат свои мислења за одбраната на Македонија и македонскиот народ, држава и идентитет, како и силна поддршка на ставовите изнесени од излагачите на трибината.

 

Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци.  ГДОМ досега одржа трибини во неколку градови во Македонија, меѓу кои, Битола, Велес, Штип.... Секаде доби голема поддршка.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега