Во Штип ќе се гради мултимедијален центар

Општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион (ИПР) и градежната фирма „Актива“ договорија изградба на мултимедијален центар на местото кај старото летно кино.
Договорот за изградба денеска го потпишаа штипскиот градоначалник Илчо Захариев, Емил Василев од Центарот за развој на ИПР и сопственикот на „Актива“ Иле Николов.
Мултимедијалниот центар треба да биде катче за сите уметници и креативни млади луѓе од Штип и од целиот регион. Ќе има киносала, театар и простор за изложби, како и кластер за креативна индустрија. Изградбата треба да почне идниот месец, а да заврши наесен.
Василев рече дека изградбата на современиот објект ќе чини 270.000 евра, од кои 150.000 евра од фондовите на ЕУ преку програмата за меѓугранична соработка со Бугарија, а останатите средства ќе ги обезбеди Општина Штип.
Сопственикот на „Актива“ Николов истакна дека мултимедијалниот центар ќе го разубави просторот на старото летно кино.
- Во март ќе почнеме со изградба на мултимедијалниот центар, очекуваме веќе во октомври-ноември објектот да го завршиме. Ќе биде од цврста градба и ќе го разубави тој дел на градот, рече Николов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









