Комплетирана групната фаза во ракометната Лига на шампиони

 

Со натпреварите одиграни синоќа комплетирана е групната фаза од Лигата на шампионите и познати се 16 екипи што ќе играат во осминафиналето. Меѓу нив се наоѓа и македонскиот претставник Вардар, кој во групата Ц заврши како второпласиран.

По трите сезони во осминафиналето, македонскиот првак Металург не успеа да се пласира откако заврши на 6.место во групата А.

Резултати од 10.коло:

А група: Металург – ППД Загреб 20:22, Кил – Мешков Брест 33:22, Ла Риоха – ПСЖ 35:33.

Табела: Кил 18 бодови, ПСЖ 12, Загреб 12, Ла Риоха 9, Мешков Брест 6, Металург 3.

Б група: Бешикташ – Барселона (Кирил Лазаров 7 голови) 25:29, Колдинг – Алингсас 34:33, Висла – Флензбург 31:29.

Табела: Барселона 17, Колдинг 14, Висла 13, Флензбург 12, Алингсас 2, Бешикташ 2.

Ц група: Рајн Некар Ловен – Вардар 28:35, Цеље – Чеховски Медведи 29:25, Монпеље – Веспрем 20:34.

Табела: Веспрем 18, Вардар 15, Рајн Некар Ловен 12, Монпеље 8, Цеље 6, Чеховски Медведи 1.

Д група: Мотор Запорожје – Киелце 27:28, Данкерк – Кадетен Шафхаузен 29:25, ПИК Сегед – Алборг 23:23.

Табела: Киелце 20, ПИК Сегед 13, Данкерк 8, Алборг 7, Мотор 6, Кадетен Шафхаузен 6.

Пласман во осминафиналето изборија четирите првопласирани екипи од групите. Во осминафиналето ќе играат првопласираните против четвртопласираните и второпласираните против третопласираните со тоа што екипите кои играле во иста група неможе да играат повторно меѓусебе.

Според тоа потенцијални ривали на Вардар се: Загреб, Висла и Данкерк.

Извлекувањето на двојките ќе се одржи утре во Виена од 12:30 часот.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега