Адријана Алачки стана баба!

Грациела Алачки Димовска, ќерката на Адријана и Горан Алачки во петокот го доби своето прво дете, а познатата фолк-пејачка за првпат стана баба.
Грациела со голема свадба во „Александар палас“ ова лето се омажи со своето момче Игор Димовски, со кого неколку години беше во врска.
![]()
Адријана во Бразил неодамна снимаше специјално издание на својата емисија за готвење „Вкусот на традицијата“, а сега заедно со поранешниот сопруг Горан Алачки се радуваат на подновата во нивното семејство. Тој на својот Фејсубк профил ги извести пријателите и фановите за радосната вест во нивното семејство.
ИЗВОР:ВИСТИНА
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









