Стратегијата на Заев се руши- продолжува со автоголови

 

Како кула од карти се руши стратегијата на Зоран Заев и СДСМ за нанесување штета врз државата. Нивната стратегија не поминува, не можат да ја изманипулираат јавноста. Она за кое Заев зборува, воопшто не е она кое го најавуваше и за што ги подигнуваше очекувањата меѓу народот. Тој наместо гол, самиот си дава автоголови.

Јавноста не ги прифаќа неговите конструкции, манипулации, напади и обвинувања кои тој ги зборува во некој свој контекст, кој никој, освен самиот Заев, не го разбира. Напротив, бидејќи дејствува во стилот на СДСМ со гнев и очај, Заев од една до друга прес-конференција прави се поголеми клучни грешки, со кои тој сам си ја руши стратегијата.

Токму заради неговите настапи со лаги, со демантирање на самиот себе, од ден на ден станува се попровиден па дури и посмешен за јавноста. Имено, на првата прес-конференција, Зоран Заев истака дека Никола Груевски и Сашо Мијалков наредиле прислушкување и биле прислушкувани над 20.000 граѓани во изминатите неколку години. Потоа се покажа дека најприслушкуван бил токму директорот на УБК, Мијалков, иако нелогично е сам себе да се прислушкува. Со ова Зоран Заев се поби себеси и си го даде првиот автогол.

Експертите, исто така, ја разобличија лагата на Заев, дека наводно биле прислушкувани како што прво самиот рече 26.000 граѓани, а само неколку минути подцна бројката ја спушти на 20.000. Заев неколку пати ја повторува лагата дека материјалите кои ги најавува како “бомби“ и кои ги поседува, ги преслушувал сам. Како е можно Заев самиот да преслуша материјал од наводни разговори за наводни 20000 граѓани ,кога за тој процес по тие бројки што ги кажува Заев се потребни 29 години доколку сам ги слуша разговорите?

На втората прес-конференција, Зоран Заев ја направи втората клучна грешка. Пушти креиран материјал за наводното влијание врз судството.

Од разговорите се виде дека нема показател за таква работа, за која тој обвини. Пушти разговор и од новинарот и уредник Драган Павловиќ- Латас и го обвини дека влијаел за судски процес во негова полза. Но целата јавност виде дека Латас ги загубил сите тие судски процеси. Единственото нешто што се покажа е дека СДСМ има длабоки корени во судството.  Кога станува збор за судската власт, СДСМ кога раководеше со владата во еден ден се избраа 617 судии, без присуство на опозиција.  Дополнително, адвокатот на Заев, Филип Медарски пред само неколку дена ја покажа вистината за судството во Македонија.

Медарски поднесе материјали за проширување на кривичната пријава до обвинителството, за да мајка му Елица Медарска која работи во Вишото јавно обвинителство исконтролира и испрати барање до неговиот дедо и секретар на Основниот суд, Ристе Спасов, кој треба да го распредели случајот до неговата ќерка која е и сопруга на Филип Медарски, Софија Медарска, судијка во Основниот суд 2 Скопје. Со ова се потврдува лицемерието во кое адвокатот на Заев, Филип Медарски го покажува силното влијание на СДСМ во судството во кое на одлучувачки позиции се неговата мајка која работи во Вишото јавно обвинителство, таткото на неговата сопруга е секретар на судот Ристе Спасов, а и сопругата Софија која е судика во Oсновен суд 2 Скопје.

КУРИР

Со третата прес-конференција, Зоран Заев повторно направи кардинална грешка и одработи во директна полза за власта. Тој пушти разговори од кои станува јасно дека Љубе Бошкоски бил прведен, а потоа и осуден врз основа на цврсти докази за сторен криминал, при што во неколку наврати земал десетици илјади евра за незаконско финансирање на својата партија. При самото приведување биле затекнати дел од тие десетици илјади евра. Заев, на овој начин, директно „го закопа“ Љубе Бошковски.

На третата прес-конференција, тој направи уште една голема грешка и ја загрози следната пре-конференција. Од разговорот што беше пуштен јасно се забележува дека директорот на УБК, Мијалков, кажува дека ќе има нулта толеранција кон секој што ќе се дрзне да ги наруши изборите, односно изборниот процес. 

Заев обелоденувајќи ги искреираните материјали за кои според експертите нема сомнение дека се од странски центри и нивни агентури овде, се дозна дека власта не спремала никаков изборен фалсификат како што посочува СДСМ и дека СДСМ загубила на тие избори на сосема легитимен и легален начин, односно ВМРО-ДПМНЕ победува на демократски избори. 

И по сите три оддржани прес-конференции, Зоран Заев останува неубедлив, па дури и смешен. На сите три, тој самиот си даде автоголови.

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега