Амбасадорот Ангелов во Атина зборуваше за потенцијалите на македонско-грчката соработка

Унапредување на соработката ќе води кон надминување на ќорсокакот во билатералните односи, и ќе доведе до изградба на доверба меѓу Македонија и Грција, која е неопходна за решавање на разликите меѓу двете земји.
Ова од Атина го порача македонскиот амбасадор во Грција Дарко Ангелов, на тркалезната маса насловена како „Надминување на ќорсокакот преку соработка: пристап за градење доверба меѓу Скопје и Атина“. Настанот го организираше Грчката фондација за европска и надворешна политика ЕЛИАМЕП и на него учествуваа грчки и странски амбасадори, дипломати, експерти и странски и домашни новинари кои на Ангелов му поставија повеќе прашања.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, македонскиот амбасадор во своето излагање неколку пати повтори дека двете земји мора да соработуваат, а се осврна и на разликите околу името, во чиј контекст повтори дека за решавање на ова прашање мора да му претходи соработка.
Ангелов на крајот заклучи дека ваквите настани се мал, но важен чекор за кој изрази уверување дека ќе биде само еден од многуте слични настани кои ќе следат во двете земји, со цел унапредување на меѓусебното разбирање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









