Заев фатен во лага, СДСМ загубила на регуларни избори

 

Сакајки да поентира, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев денеска повторно се фати во сопствената лага.

Имено, Заев обелоденувајќи ги искреираните материјали за кои според експертите нема сомнение дека се од странски центри и нивни агентури овде, се дозна дека власта не спремала никаков изборен фалсификат како што посочува СДСМ и дека СДСМ загубила на тие избори на сосема легитимен и легален начин, односно ВМРО-ДПМНЕ победува на демократски избори.

Во материјалите кои ги посочи Заев во еден дел се гледа како првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, јасно става до знаење дека на изборите се мора да биде според закон и нема да има простување за никого, секој оној кој ќе го прекрши законот, ќе одговора.

Според аналитичарите, оваа снимка што денеска ја објави лидерот на опозицијата укажува дека во земјава, и покрај тврдењето на опозицијата за бројни нерегуларности, изборите биле регуларни, при што било нагласено строго почитување на законските правила.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега