Средба на вицепремиерот Бесими со новиот американски амбасадор Бејли

 

За процесот на европската интеграција на Република Македонија, за клучните постигнувања и предизвици со кои се соочува земјата во насока на нивно надминување и постигнување дополнителен напредок во наредниот период разговарале на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и новоименуваниот амбасадор на САД Џес Бејли.

- На средбата Бесими му честиташе на Бејли за новата функција, посакувајќи му успешна работа во остварувањето на работните ангажмани и изрази подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка во сите области од заеднички интерес. Воедно се заблагодари за поддршката која Република Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави во процесот за отпочнување на преговори за членството во Европската Унија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

На состанокот Бесими потенцирал дека евроатлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја, а Владата и понатаму продолжува со реализација на активностите предвидени со Акцискиот план на селектираните приоритети.

- Амбасадорот Бејли потенцираше дека Соединетите Американски Држави искрено ќе продолжат да ги поддржуваат сите значајни демократски процеси, како и што поскоро зачленување на Република Макдеонија во НАТО и Европската унија. Двајцата соговорници истакнаа дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји и понатаму ќе продолжат со исто темпо и динамика, и со заеднички пристап и поддршка во подобрување на состојбите и реализација на реформите во секоја општествена сфера, се наведува во соопштението на СЕП.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега