Најладно во Маврово, најтопло во Дојран - ова се моменталните температури во Македонија

 

Времето изутринава е сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Најладно било во Маврово - 8 степени, а најтопло во Дојран каде се измерени пет степени. 

Во Берово и Лазарополе се измерени и - 6 степени, во Битола и Крушево - 5, во Скопје Петровец, Охрид, Претор, Тетово и Дебар - 4 степени, во Крива Паланка и Прилеп - 3, во Скопје на Зајчев Рид, Куманово, Струмица, Демир Капија и Пожаране -2, во Штип и Кавадарци -1, во Виница 0 и во Гевгелија 4 степени Целзиусови.

Висината на снежната покривка изнесува 49 сантиметри во Маврови Анови, 31 во Лазарополе и 16 во Крушево. 

И денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега