Македонските студенти на доусовршување во Русија

 

Дваеет и пет македонски студенти ќе заминат на доусовршување во Русија за што Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување на стипендии за редовни додипломски и пост-дипломски студии за академската 2015/2016 година.

Стипендиите ги доделува Владата на Руската Федерација. Стипендистите ќе добиваат месечен паричен надоместок, во висина на стипендијата на руските студенти во соодветната категорија, но и еднакви услови и цена за сместување во студентските домови како и руските студенти.

 

Пријавувањето трае до 18 март 2015 година, а повеќе информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука www.stipendii.mon.gov.mk како и на интернет страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија www.russia.org.mk.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега