Охрид ќе гради пешачка патека од каналот Студенчишта до поранешниот хотел „Парк“
Охридската локална самоуправа најави отпочнување на реализацијата на проектот за изградба на пешачка зона на потегот од мостот кај Стиденчишкиот каналдо поранешниот хотел „Парк“.
- Тоа се однесува на проект во кој што ние аплициравме со проектна документација за изградба на пешачка патека од каналот, на делот на пешачката патека од каналот Студенчишта до хотел „Парк“ во ширина од осум метри која што понатака ќе биде проширена уште со две велосипедски и патеки за ролери, ќе биде со вкупна широчина од 12 метри и должина од околу 150 метри, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Тој појасни дека дел од средствата за проектот се обезбедени преку грант од фондовите за прекугранична соработка на ЕУ, а понатаму локалната самоуправа со сопствени средства од година во година ќе ја надоградува патеката се до нејзино конечно завршување во должина од 1.300 метри.
Првата фаза од проектот ќе ја реализираат фирмите „Еуро стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин Дол.
Планирано е шеталиште наменето за пешаци, велосипедисти и возачи на ролери да биде целосно осветлено, а да биде поставена и урбана опрема.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









