ПОБРЗАЈТЕ: Истекува рокот за аплицирање за бесплатна бањско-климатска рекреација

 

 

Денеска истекува рокот за аплицирање за користење на услугите за бесплатен туристички викенд и бањско-климатска рекреација за пензионери.

Услугите „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија за 2015 година” и „Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година” може да ја користат лица корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување. 

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско-климатската рекреација и бесплатниот туристички викенд, потсетуваат од МТСП.

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе им биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 09:25
Фото: 
дневник

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега