Пратениците со полни раце работа

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на чиј дневен ред се 52 точки, меѓу кои и предлозите за изменување и дополнување на законите за заштита на децата, за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, за социјалната заштита, како и Предлог законот за комплементарна и алтернативна медицина.
Пратениците ќе расправаат и за Предлог законот за општата управна постапка, за измените и доплнувањата на законите за земјоделство и рурален развој, за управната инспекција, за финансиската полиција, за служба во АРМ, за извршување на санкциите, за судска служба, за техничката инспекција, за Државен пазарен инспекторат, за шумарска и ловна инспекција, за Државниот инспекторат за земјоделство, за шуми и за ловство.
На дневен ред се и предлог измените и дополнувањата на законите за работните односи, за инспекцијата на труд, за животната средина, за превоз во патниот сообраќај, за јавните патишта, за градење, за просторно и урбанистичко планирање, на законите за полиција и за внатрешни работи, за јавна чистота, за безбедност на храната за животни, за електронските комуникации, за инспекциски надзор, за Царинската управа, за денационализација, за градежно земјиште, за концесии и јавно приватно партнерство.
По скратена постапка треба да биде донесени и предлог измените и дополнувањата на Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и на Законот за јавните претпријатија.
Пратениците треба да се изјаснат и за неколку предлог одлуки за избор на членови на повеќе собраниски тела.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









