Понесени 90 барања за штети од поплавите во прилепско

 

До надлежните во Прилеп се доставени 90 барања за штети од поплавите во овој регион, велат од локалната власт.

На редовниот состанок на координативното тело за справување со последиците од поплавите беше истакнато дека како резултат на добрата координација и заедничкото делување од страна на ЈКП „Водовод и канализација“ и Центарот за јавно здравје, водата во поплавените населени места може да се користи за пиење, но сепак заради превенција останува препораката за нејзино претходно превривање.

Екипи од ЈКП „Водовод и канализација“ и во текот на денешниов ден ќе вршат достава на флаширана вода до населените места Ерековци, Тројкрсти, Чепигово, Канатларци, Кадино село и Мало Коњари со цел да се избегнат евентуални несакани последици.

На работниот состанок беше истакнато дека водостојот на Градската и Црна Река е намален, како и прелевањето на вештачкото езеро.

До сега поднесени се деведесет барања за направени штети од кои педесет по кои е постапено се однесуваат на штети на домовите, а остатокот се барања за штети на земјоделски површини. Поднесувањето на барања за штети од поплавите е до 13.02.2015 година (петок).

Се очекува со подобрување на временските услови да се пристапи и кон затворање на пробиените насипи на Црна Река.

 

 

Оцени ја веста

15.02.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега