Училиштата во општина Дебар со доволно енергенси за непречено греење

 

Образовните институции во општина Дебар располагаат со доволна количина на огрев за затоплување на училиштните простории. 

Според Решат Ќормемети, раководител на Секторот за јавни дејности во општината, сите училишта вклучувајќи ја и градинката навреме се обезбеди со потребната количина на нафта и огревно дрво, во зависност што користат за затоплување на објектите.

- Трите деветлетки, гимназијата и детската градинка, навреме се снабдени со потребната количина на нафта и огревно дрво и според нашата оценка нема да има никаков проблем во однос на затоплувањето на училштните простории до крајот на зимската сезона, изјави Ќормемети.

Во градот функционираат гимазијата „Здравко Чочковски“, граднката „Брешија“ и двете девотелетки „Братство единство“ и „Саит Најдени“ кои имаат вграедно систем на парно грење, како и деветолетката „Ристе Ристевски„ во село Долно Косоврасти каде за затоплување се користи огревно дрво исто како и во подрачните училишта во селските населби.

Во училиштата во општина Дебар наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик. Настава следат над 1.700 ученици во основното и средното образование, додека во градинката се згрижени 250 деца.

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега