Светски медиуми: Новиот Бил Гејтс е роден во Македонија!

Младиот компјутерски гениј Марко Чаласан од Македонија, го положи последниот испит во Љубљана и стана најмладиот Мајкрософт систем инженер. Веста доби голем публицитет во словенечките и црногорските медиуми, но и во еден од највлијателните светски електронски медиуми CNET, кој оваа информација ја пласираше како вест на денот.
Генијот Марко, на компјутер дневно работи 4 часа, но понекогаш и повече од 10. Не игра видео игри, а на своите врсници им порачува доколку сакаат да играат да излезат надвор и да си играат со нивните реални пријатели.
Во меѓувреме, Марко работи на проекти. Еден од нив е за продукциски висококвалитетни HD лекции во Full HD формат, како и дизајнирање на систем за емитување на истите по пат на мрежна дистрибуција. Сака да го промовира проектот на некој од поголемите светски ИТ саеми и собири, а се надева и дека за него ќе се заинтересира и некоја компанија во Македонија.
Браво за момчето од Македонија!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









