„Од срце за татковината“ - хуманитарна акција во Охрид

 

Средношколската младинска организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид, во периодот од 9 до 13 февруари организира хуманитарна акција „Од срце за татковината“, за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија.

За таа цел сите вработени во Училиштето и учениците кои се во можност донираа продукти кои им се неопходни на настраданите, како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помош на луѓето.

Собраните средства понатаму спакувани во соодветни картонски кутии ќе бидат доставени до „Црвен крст- Охрид“.

Нашите срца се со луѓето. Горди сме што сме Македонци, горди сме на нашите ученици и професори. Покажавме дека имаме големо срце, дека сме училиште на солидарност – центар за пример. Ова е уште еден потег кој е за поздравување, велат од Средношколската младинска оргнаизација, пренесува Курир.

 

 

 

Оцени ја веста

12.02.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега