Делегација на германскиот Бундестаг во посета на Македонија

Од денеска до 14 февруари делегација на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа на Германскиот Бундестаг ќе биде во посета на Скопје.
Пратениците денеска ќе имаат средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
За време на посетата, како што соопшти Амбасадата на Германија, делегацијата предводена од пратеникот Петер Вајс (ЦДУ), ќе има средби со претставници од македонскиот државен врв, пратеници во македонското Собрание, претставници од опозицијата, граѓанското општество и медиумите, како и со германските политички фондации присутни во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








