Водата во Штип може да се пие

 

Инспекторите за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство, подрачна единица  Штип извршија контрола во врска со издаденото решение под бр : 17-132 од 01.02.2015 год во кое е изречена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот објект со кој стопанисува ЈП Исар од Штип.

Доставени се резултати од земените мостри на вода за пиење од страна на ЈЗУ Штип од 09.02.2015 и 10.02.2015 година со кои се потврдува дека испитаните примероци од водата одговараат на пропишаните за микробиолошка и хемиска исправност од правилникот за безбедност на водата (сл.весник на РМ бр 46/2008.

Согласно ваквата одлука, информират од општина Штип, водата е безбедна за пиење и забраната престанува да важи.

 

 

 

Оцени ја веста

11.02.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега