Индиски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Охрид

Претставници на инвестициски фондови и компании од Индија се заинтересирани за инвестирање во Охрид, особено во областа на туризмот, здравството, градежниот сектор и незагадувачката индустрија.
Ова го соопштија денеска на средба со заменик-градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов.
Индиските бизнисмени ги поздравиле поволните услови за инвестирање, близината на аеродромот, пристаништата во Солун и Драч, како и најавите за подобрување на патната инфраструктура, откако претходно имале можност да ја видат презентацијата за можностите што ги нуди Охрид
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









