Јавно обвинителство ќе бара евентуална одговорност за смртта на малата Тамара

Основното јавно обвинителство-Скопје ќе го испитува случајот на починатата Тамара од Велес која ја зави Македонија во црно.
-Основното јавно обвинителство – Скопје, по допрен глас, оформи предмет за случајот со починатото девојче Т.Д. од Велес, за кој вчера известија медиумите.
Назначен е надлежен јавен обвинител, кој ќе го разгледа предметот и ќе започне постапка за утврдување на фактите и на евентуалната одговорност за смртта, стои во нивното соопштение.
Оцени ја веста
10.02.2015 - 15:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









