Вардар ја совлада Војводина
Ракометарите на Вардар очекувано, беа подобри од Војводина во дуел од 18.коло на регионалната СЕХА лига.
Македонскиот вицепрвак ја потврди улогата на фаворит и до дванаесеттата победа во СЕХА лигата стигна со триумфот над Војводина со 30:26.
Гостите од Нови Сад беа рамноправен противник се до 17-минута кога резултатот беше израмнет 8:8, по што следуваше серија на Вардар од 3:0 и за прв пат три гола предност 11:8 во 21-минута. На полувремето Вардар замина со предност од два гола 15:13.
Во вториот дел, црвено-црните рутирано ја одржуваа предноста, на моменти и зголемуваа, за на крајот забележаа победа со конечни 30:26 .
Најефикасен во редовите на Вардар беше Стефан Терзиќ кој постигна 5 гола, додека Сергеј Горбок и Немања Прибак придодадоа по 4 голови.
Покрај овој натпревар попладнево се одигра и средбата меѓу Вестпрем и Борац, кој го доби унгарскиот шампион со 32:18 остварувајќи ја 15-тата победа во исто толку одиграни натпревари во СЕХА конкуренцијата.
Следен натпревар за Вардар е гостувањето кај Татран Прешов на 28 февруари.
Табела: Вестпрем 45 бода, Вардар 36, Загреб 27, Татран Прешов 27, Мешков Брест 27, Металург 15, Нексе 10, Војводина 7, Раднички 7, Борац 4.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа