Регионалниот пат Битола - Новаци повторно ставен во функција

Регионалниот патен правец што ги поврзува општините Битола и Новаци повторно е ставен во функција и непречено се одвива сообраќајот на двете страни.
Екипи на РЕК Битола и ФОД-Новаци извршија транспорт и монтирање на цевките, општина Новаци обезбеди тампон за засипување на патот кој неодамна беше пресечен како интервентна мерка за заштита од поплавите, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
- Поставени се две цевки со пречник Ф-1.800 како дел од импровизиран мост по кој веќе започна да се одвива сообраќајот. По стабилизирање на временската ситуација ќе се изгради и уреди трајно сообраќајно решение на овој дел од патот. Ова беше неопходно да се направи и заради нормално функционирање на комбинатот РЕК Битола, но и заради нормално функционирање на секојдневниот живот во општина Новаци, посочи Котевски.
Со решавањето на овој проблем се интезивираат можностите за помош и поддршка на населението во оваа локална самоуправа, а тие се големи, беше потврдено на утринската средба на градоначалникот Лазар Котевски со новинарите во општина Новаци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









