30 дена притвор за уапсените од мрежата на Верушевски

Триесет дена притвор им е одреден на 52-годишниот скопјанец Ѓ.Л. и 49-годишниот велешанец З.К. кои беа уапсени во рамки на продолжената истрага за случајот „Пуч“. Тие со кривичната пријава за сторени „Шпионажа“ и „Насилство спрема претставници на највисоките државни органи“ беа изведени пред судија на претходна постапка.
МВР, пак, вчера информираше дека лицата соработувале со претходно пријавените од случајот „Пуч“, а според документираните сознанија двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба. Тие превземале чекори и активности за кои, како што информираше помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски биле богато финансиски наградени.
Станува збор лица од Министерството за внатрешни работи кои биле вработени во 90-тите години. Едниот се уште е вработен, додека на вториот во 2013 година му бил раскинат договорот.
По наредба на судија на претходна постапка полицијата извршила претреси на пет локации, во дом и други простории на двете лица. Таму биле пронајдени пет лап-топ компјутери, 3 куќишта, 18 мобилни телефони од кои 6 со СИМ картички, околу 1.000 CD и DVD, 110 аудио и видео ленти, 19 УСБ, 17 хард дискови, како и девет штедни книшки од Стопанска и Еуростандард банка на кои имало влогови во девизи и денари. Пронајдена била и евиденција за околу 600 акции на име на седум правни субјекти сопственост на едно од пријавените лица.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









