Секоја чест за ова момче: Свирејќи на гитара Јован собира пари за поплавените семејства (ФОТО)

 

Музичарот и фотограф Јован Куциновски излезе на охридскиот плоштад и со својата гитара собра пари за поплавените подрачја. Неговиот статус на Фејсбук доби над 2000 лајкови и огромна поддршка. Еве што пиша на неговиот профил на фејсбук

„Денес своеволно излегов на Охридскиот плоштад зедов гитара, хамер, маркер, една позајмена табла од “Шила” и добра волја за хуманост. Во рок од еден час колку што ме држеа прсите на ладното собрав точно 4415 денари кој ќе бидат уплатени на жиро сметата за директна финанскиска помош од општина Новаци! Фала на сите Охриѓани кој донираа! Охрид е хуман, Охрид е жив!!!,“ напиша Јован на Фејсбук.

Извор: Денешен 

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега