ВИДЕО: Драма во Прилеп - возач едвај се спаси откако водата му го однесе џипот

 

При обид да ја премине реката, надојдената вода го поткопала дното на коритото и го однесла џипот заедно со возачот десетици метри низводно, првин шантрајќи го возилото, а потоа и превртувајќи го неколку пати.

Тој успеал да излезе од џипот преполн со вода, додека брзата вода го носела џипот како хартија..

– Возилото за еден миг стана чамец без контрола, водата ми стигна до стомакот, вратата заглави, па успеав некако да го отворам прозорецот и да рипнам во водата која ме носеше десетици метри. Сум имал к’смет оти се снајдов, инаку наместо возбуда од возењето по каливите терени, ќе направев трагедија – изјави Бојоски.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.02.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега