Европската десница со силна поддршка за Владата и остра осуда за Заев
![]()
Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) во Советот на Европа, Педро Аграмунт изрази загриженост во врска со последните настани во Република Македонија, посебно, како што вели, во однос на неодговорното однесување на политичката опозиција.
- Почитување на владеењето на правото е суштински поврзано со почитувањето на демократијата и фундаменталните права. Затоа, ги осудувам обвинувањата на Зоран Заев, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и го повикувам да ги преиспита неговите обвинувања кон Владата на Република Македонија, бидејќи никој не може да биде осуден, освен ако е обвинет врз основа на законот, се вели во изјвата на Аграмунт.
Според него, политичкото однесување за постигнување на нелегитимни цели не е прифатливо во која било форма или облик на демократија.
- Заканите од страна на лидерот на опозицијата кон премиерот на Република Македонија Никола Груевски не се соодветни за да изрази коректна критика кон власта. Само политичките аргументи и политичките програми со поддршка од граѓаните се демократските начини да се добијат изборите во демократските држави, оценува шпанскиот дипломат, кој е долгогодишен член на шпанската делегација во ПССЕ уште од 2000 година.
Тој со осуда и за, како што наведува, вмешаноста на странски држави преку нивните тајни служби и нелегалното прислушување на телефонските разговори на највисоките политички претставници на Македонија, за соборување на Владата на Република Македонија. - Не може да постои демократија и почитување на фундаменталните права, без почитување на владеењето на правото и обратно, дециден е Аграмунт, кој е член и на повеќе тела во Советот на Европа.
Според него, сепак, од особено значење е политичкиот дијалог.
- Би сакал да ја истакнам важноста на политичкиот дијалог во решавање на конфликтите и да повикам на одговорност на опозицијата во македонската политика за почитување на демократските правила на политичкиот систем, вели претседателот на ЕПП во Советот на Европа, Педро Аграмунт во изјавата по повод последните случувања во Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









