Змии и глувци ги наполнија куќите во прилепско по поплавите

Водостојот на поплавените полиња во Пелагонија се уште е на високо ниво, поради заситеноста на почвата водата не се повлекува, а дополнителни врнежи се очекуваат
Покрај штетата која земјоделците ја трпат од поплавените обработливи површини, од кои во прашање е доведено целокупното производство на житни и градинарски култури, сега имаат уште една грижа која им влева дополнителни грижи и страв, објави 10bez10.com

Бегајќи од своите поплавени дувла, змии и глувци барајќи засолниште ги наполнија куќите во прилепско кои се погодени од изливот на локалните водоносни канали и Црна Река која деновиве на места е широка и до 6 километри.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








