Доаѓа невреме, опасност од нови поплави - следете ги препоракиве!

Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува како да се заштити населението во поплавените подрачја и како да се заштитат животните, домашни животни и миленици, за време на поплавите.
Да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење.
- За пиење, за подготовка на храна и заодржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.
- Резервите вода наменети за употреба задолжително да се превријат најмалку 15 минути.
-Водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.
-Заматената водада не се користи за пиење и заготвење, се до потврда на нејзината безбедност со лабораториска анализа.
-Ако водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводи да се изврши превентивна дезинфекција на водата.
-По контакт со водата од поплавата или со предметите кои билепо плавени, задолжително измијте ги и дезинфицирајте ги рацете.
- Заштитете ја готовата храна да недојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.
- Храната која била во контакт со водата од поплавата да не се користи за исхрана, туку да се фрли.
-Да се дезинфицираат сите работни површини, приборот за готвење и јадење.
-Храната да се подготвува со безбедна вода,задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.
-Овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, дополнително да се измие во млака вода, да сеисчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.
- Малите деца да се хранат со индустриски подготвена храна.
-Безразлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.
ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТАНА НАСЕЛЕНИЕТО ПОПЛАВЕНИТЕ РЕГИОНИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОПЛАВИ
- Животните да се префрлат на безбедна локација и да им се обезбеди храна, вода и засолниште.
-Ако се држат врзани, треба и да се отворат вратите од боксовите и шталите за да можат животните да побегнат.
-Храната за животните треба да се складира и префрли на безбедно и суво место, а по можност да се складира и свежа вода во херметички затворени резервоари, цистерни, буриња.
-Животните треба да бидат обележани. Ако говедата, овците и козите и свињитене се обележани, сопственикот може привремено да ги обележи за да можат да се идентификуваат во случај да се изгубат.
-Фармскиот регистер и податоците за животните да сес кладираат на безбедно и суво место.
-Доколку во поплавените подрачја нема свежа и безбедна вода, на животните може да им се даде да пијат дождовница. На животните не треба да им седава да пијат од поплавенат авода.
-Потребни дневни количини вода за животните: за говеда 30-50 литри, коњи 20-45 литри, свињи 4-12 литри, овци и кози 6 литри, живина 0.5 литри.
-Одгледувачите на животни да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а попотреба и за давање на ветеринарно медицинска грижа.
-Попоплавата, прво треба механички да се исчисти надојдениот отпад, да се изврши дезинфекција и дезинсекција.
-Животните треба да се вратат во фармите кога објектите се безбедни, чисти и суви и поконсултација и дозвола од надлежен ветеринар кој треба да ја провери здравствената состојба на животните.
-Доколку се наиде на мртво животно треба да му се запише бројот на ушната маркица или идентификационата ознака.
-Лешевите од животните треба нештетно да се отстранат по претходна консултација со надлежните лица.
-Животните кои не се во добра здравствена состојба, кои патат и страдаат, во консултација со надлежен ветеринар треба да се убијат на хуман начин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









