Арсовски: Опозицијата ќе ја плати неумешноста- бомбата не е доволна за победа

 

Опозицијата предолго калкулираше и тоа е еден вид превид, вели Петар Арсовски во синоќешната „24 Анализа“.

– Мислам дека дозволија да бидат вовлечени во некаков процес на преговори во кој ќе откриваат детали за тоа од кај им се материјалите, што им се материјалите. Ќе дозволат премногу време за власта да се подготви за тој политички маневар. А притоа ќе се обидат да ја одбранат својата основна граѓанска одговорност, а тоа е материјалите да ги објават јавно и да ги достават до Јавно обвинителство, што би било основен потег на опозицијатакога би дошла до некакви материјали со кои се докажува некаков криминал. Ние таа неумешност ќе ја платиме сега, рече Арсовски.

Нека е бомбата и најсилна на свет, таа може да придонесе да се влоши мислењето за ВМРО-ДПМНЕ, но таа не е доволна за на опозицијата да и донесе победа. Таа може да биде катализатор на тој процес, сепак има уште многу работа која опозицијата треба да ја направи, заклучи тој.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега