Канческа - Милевска во посета на Делчево

 

Министерката за култура денеска ќе престојува во Делчево, каде што ќе има средба со градоначалникот Дарко Шехтански и ќе ја посети целосно реконструираната кино сала на Центарот за културата „Никола Јонков Вапцаров“.

Канческа-Милевска ќе го посети и делчевското село Драмче и Спомен-собата на дедо Митко, еден од најстарите и први ороводци на орото „Копачка“ кое УНЕСКО го впиша на својата репрезентативна листа. 

За време на посетата на Делчево, министерката за култура ќе положи и цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, по повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега