Дождовите го направија своето - нивото на Дојранско покачено за 10 сантиметри

 

Последните поројни врнежи од дожд за само едно деноноќие го покачија нивото на Дојранското езеро за нови десет сантиметри, покажуваат најновите хидролошки мерења.

За период од само 24 часа во Дојран наврнале 40 литри на метар квадратен кои придонесоа нивото на езерото да се искачи до котата 145,7 метри надморска височина. Во моментот, информираат од службата за односи со медиумите на Општина Дојран, тоа е за 27 сантиметри повисоко од просекот за минатиот месец, како резултат на евидентното висинско растење на езерото во изминатите денови. 

Според последните измерени вредности на Дојранското езеро му недостигаат само уште триесетина сантиметри за да дојде до нивото од плус 120 сантиметри од нултата кота што го имаше во 1988 година пред да почне испуштањето на водата кон грчката страна.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега