Ми испрати „издишани балони“- Обрван удри по Червар
Македонскиот селектор Ивица Обрван во опсежно интервју за хрватскиот портал „Index.hr“ изјави дека состојбата со ракометарите на Металург при нивното доаѓање во репрезентацијата била катастрофална.
-Не знам дали знаете, но ова што го затекнав во македонската репрезентација е страшно. Ниту македонската, а уште помалку хрватската јавност не знае во каква состојба се играчите на Металург, тим од кој доаѓаат голем број репрезентативци. 13 или 14 играчи, кои заедно со нашиот Лино Червар беа дел од тој проект, со месеци не работеа речиси ништо што се однесува до тренинзите. Дојдоа на подготовките во распадната состојба, вели Ивица Обрван додавајќи:
-Дојда без да знаат што ќе биде со нив, со нивните договори. Од летото не земаа ниту една плата и ќе бидам искрен, стрававув што ќе направиме ние на овој Мундијал. Капата долу за играчите за се што направивме, деветото место е најголемиот успех на Македонија на светските првенства, вели македонскиот селектор.
Тој потенцираше дека ракометарите на Металург воопшто не беа во форма.
-Она што можам да го дадам како критика на некои наши тренери е непрофесеионализам. Додека ги водев екипите на Метковиќ, Медвешчак или Горење, јас во репрезентацијата сум испраќал играчи кои се подготвени како маринци, додека Лино Червар мене ми испрати играчи кои изгледаа како „издишани балони“. Дваесетина дена јас и моите играчи вложивме страшен напор тие играчи да ги вратиме во живот. Ги вративме и остваривме одличен резултат. Кога се вративме следуваше нов шок за многумина од нив. Се вратија во уште поголем распад, а пет-шест од нив се на трансфер листа. Тие речиси се на улица и прашање е дали ќе можат да пронајдат нов клуб. Морав да го кажам ова бидејќи зборувавме и за проблемите на хрватската репрезентација, па сметам дека јавноста ова мора да го знае, вели Ивица Обрван.
Инаку, по враќањето од Катар се појавија информации дека неколку ракометари ќе добијат исписница од Металург, како што се Манасков, Мојсоски, Димовски, Георгиевски и Вугринец. Од нив само Вугринец и Георгиевски беа дел од тимот на синоќешниот меч против Нексе во рамките од СЕХА лигата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа