Мртво момче извлечено од Кумановска Река - поплавите ја земаа првата жртва во Македонија?

 

Тело на се уште неидентификувано лице утрво е пронајдено во водите на Кумановска река, дознава Press24 од полициски извори. Од МВР ја потврдуваат информацијата дека телото чиј идентитет и пол се уште не се познати утрво околу 9:20 часот е пронајдено во Кумановска река. 
 Од МВР велат дека идентитетот се уште не може да се потврди бидејќи телото во овој момент се извлекува од водите. Од таму велат дека повеќе информации ќе имаат по завршувањето на увидот. Нема потврда ниту во какви околности настапила смртта

Вчера во полиција во Куманово беше пријавено дека исчезнало 22 годишно момче. Не може да се потврди дали станува збор за истото лице.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега