Мирка Велиновска: Заев не може да собере маса!

 

Странските разузнавачки служби го избрале Зоран Заев затоа што е таков каков што е и преку формилацијата на полскиот министер, кој рече дека „во вакви прилики се користат политичари-корисни идиоти“! Ова го истакна новинарката Мирка Велиновска синоќа во МРТ.

-Тој самиот самокритички кажа дека во креирањето на револуцијата која беше “спонтана“ во Украина, полските политичари послужиле како корисни идиоти. За себе кажа човекот дека влетале во геополитичка игра. За жал, Зоран Заев е еден од тие профили. Не е Македонија нешто исклучок па ние да се срамиме дека само кај нас има такви. Има секаде- во Бугарија, Грција, Романија, секаде ги има. Стварта е за да ти профункционира корисниот идиот, тој треба да има контрола на терен. Теренот се вика суверени граѓани. За среќа, Зоран Заев поради неговото политичко портфолио, он не може да собере маса. И никој во СДСМ со политиката која ја водеше последниве години неможе ваков каков што е да се врати, а за жал не го остава просторот за поинакви, иновативни, млади членови, креативни умови. Не, тој станува се подпросечен, истакна новинарката.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега