Каде наврна најмногу дожд - еве ја состојбата во Македонија

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Претор, 26 литри на метар квадратен, 16 во Битола, 15 во Маврово, 11 во Тетово, 10 во Пожаране, 9 во Прилеп и Охрид.
По 8 литри на метар квадратен се наврнати во Тополчани, 6 во Берово, 5 во Скопје-Петровец и Крушеви, 4 во Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци, 2 во Штип, Струмица и Крива Паланка, а по 1 литар во Демир Капија, Дојран, Куманово, Струмица и Пожар.
Според УХМР, изутрината во седум часот е измерена највисока снежна покривка од 64 сантиметри на Маврови Анови, 51 во Крушево, 11 Пожаране, 6 Претор и Тетово, 5 Охрид, 3 Прилеп и 2 сантиметри во Тополчани.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









