Поплавите прекинаа дел од сообраќајот во источна Македонија

 

Поплавите од обилните врнежи од дожд и топењето на снегот го прекинаа и отежнаа сообраќајот на дел од патните правци во источна Македонија. 

На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава и е поставена соодветна сигнализациа, соопшти изутринава Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). 

Поради големи одрони од камења се уште е во прекин сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица Возилата се пренасочуват по патниот правец Кочани - Виница – Делчево. Во прекин се и патните правци кон селата Степанци и Суво Грло поради надојдените води од реката Крива Лакавица.

На патот Делчево – Македонска Каменица, пак, на 14-тиот и на 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово - Дебар, а за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема. Во сила се и забраните за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси на патниот правец Ржаничано - Д.Коњари поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња и  кај село Ратавица  на патот Киселица - Злетово каде има свлечиште.

 Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. 

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози и наместа остатоци од снег. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловозот има во Охрид. 

 АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега