Утрово најладно во Маврово и Крушево - што ќе се случува со времето?

 

Најниска температура од минус 4 степени Целзиусови е измерена во Маврово,  -2 Крушево, -1 Тетово, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 0 Куманово, Скопје-Зајчев Рид и Берово, 1 Битола, Претор, 2 Охрид и Прилеп, 3 Кавадарци, 4 Штип, Виница, Струмица и Демир Капија, 5 Гевгелија, 6 Дојран.

Според УХМР, изутрината во седум часот е измерена највисока снежна покривка  од 64 сантиметри на Маврови Анови, 51 во Крушево, 11 Пожаране, 6 Претор и Тетово, 5 Охрид, 3 Прилеп и 2 сантиметри во Тополчани.

Според УХМР, во поголемиот дел од земјава облачноста се намали и преовладува сончево време со умерена облачност, а во источните делови претежно облачно. Врнежите се престанати. Моментно нова облачна маса ги зафати југозападните делови, и од оваа облачна маса во текот на денот се очекуваат врнежи. Дува слаб ветер од јужен правец.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи претежно од снег со послаб интензитет, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.. 

Во Скопје променливо облачно време  попладне со повремен снег со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. 

 

Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега