Тодоров во Чешиново Облешево: Се преземаат мерки, дадени се препораки од здравствен аспект (ВИДЕО)
Имавме состанок на кризниот штаб. Веројатно најпогодени се Чешиново- Облешево и Чифлик. Три села се отсечени, генерално се договорени сите активности кои треба да се прават, рече министерот за здравство Никола Тодоров во гостувањето во вечерните вести на Сител, при јавувањето од терен од Чешиново-Облешево, една од критичните точки по обилните врнежи од дожд.
Тодоров рече дека има активности кои се реализираат на магистралниот пат, кои треба да спречат доток на водата, но исто така треба да се преземат и мерки во Чифлик, каде направени се насипи.
-Од здравствен апспект имавме координација. Има екипи на итна медицинска помош, договоривме да има едно теренско возило кое треба да се пробива до отсечените села. Дадени се препораки од здравствен аспект за тоа како треба да се однесуваат граѓаните. Исклучителна опасност е користењето на водата за пиење, рече Тодоров.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









