Каракамишева: Заканата е насочена пред се кон граѓаните

 

Целата политичка состојба ќе предизвика одредено смирување на политичката ситуација во Македонија, во смисла на тоа дека конечно сите политички сили треба да сфатат дека политиката е многу сериозна работа и дека во политиката не смее да се шпекулира и да се пуштаат одредени  сомнителни активности и дејствија коишто можат да нанесат сериозна штета на државата и на сите граѓани на Р.Македонија, а притоа никој  да не сноси одредена политичка и правна одгворност.

Ова го истакна професорката Тања Каракамишева за време на нејзиното гостување во вестите на Канал 5 телевизија, која доаде дека целата политичка активност треба да се одвива во институциите и дека сите дејствија и активности коишто евентуално се пронајдени како спорни треба да се решаваат по институционален пат, рече таа.

- Очигледно е дека многу луѓе во Македонија или не сакаат да ја сватат суштината на уставниот поредок или едноставно се злоупотрбув целата ситуација. Самото казниво дело велепредавство  е поврзано со одредени криминални активности односно употреба на сила или евентуално сериозна закана којашто би била насочена кон симнување на уставниот поредок или соборување на државните органи, појсани Каракамишева.

Таа смета дека целата ова серизона закана е насочена пред се кон граѓаните, односно минирање на нивната изборно дадена волја односно гласачка волја.

Целото гостување на Тања Каракамишева во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

01.02.2015 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега