ВИДЕО: Груевски останува на терен во текот на ноќта, ги посети најкритичните подрачја
Премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дененска ги посетија најзагрозените подрачја во околината на Штип.
Во придружба на Министерот за транспорт Миле Јанакиески кој со градоначалниците од регионот и кризниот штаб оддржа состанок, тие беа во посета на Ново Село и штипско директно да се запознаат со состојбата на терен по излевањето на браната Калиманци, во очекување на бран кој ќе ја излее река Брегалница, по што се упатија на лице место да ја соогледнаат состојбата и во општинта Чешиново-Облешево.
И понатаму критчни точки се во Чардаклија, Караорман, 8.ми ноември и Ново Село.
Во штипско Ново Село, работат екипи на јавните претпријатија, на АРМ и полицијата како и бројни граѓани кои дојдоа да полнат вреќи со песок за да се заштитта од бранот.
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев ги повика сите граѓани, претставници на НВО секторот, на разни здруженија, на политички партии, без оглед дали се власт или опозиција, млади или стари, да излезат и да помогнат во справувањето со бранот.
Увид во состојбите во реоните погодени од обилните врнежи на терен извршија и останатите владини функционери.
Заменик-министерот за економија Христијан Делев го посети струмичко Василево заедно со пратеникот Васил Пешев и Ромео Тренов, а минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков ена терен во Новаци.
На терен е и вицепремиерот Владимир Пешевски, кој заедно со членот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија Игор Гиевски и директорот на МЕПСО Синиша Спасов е во посета кичевско-дебарскиот регион
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








