Груевски останува во Штип поради вонредната состојба
Премиерот Никола Груевски откако го посети штипскиот регион и Општината Чешиново-Облешево и во текот на ноќта ќе остане во Штип, каде што се очекува да биде најголем водениот удар по излевањето на браната Калиманци.
Тој на лице место ќе биде со жителите од штипскиот регион, каде што од рано утринава се прават насипи со вреќи по течението на реката Брегалница, почнувајќи од населбата Стар Караорман до Ново село.
Премиерот заедно со државниот кризен штаб ќе ја координира акцијата доколку на населението му е потребно помош. Ангажирани се сите државни институции, припадниците на војската и полицијата, а исто така се мобилизираа и жителите од населбите.
Во источна Македонија е прогласена вонредна состојба, а шефот на кризниот штаб Миле Јанакиески апелираше итна евакуација на населението кое живеее во близина на корито на Брегалница, почнувајќи од виничкото село Истибања, Кочани, Чешиново-Облешево и Штип.
Поради прелевање на најголемата вештачка акумулација во источна Македониј - Калиманци, околу 16 часот, се очекува водениот удар во Штип да пристигне меѓу 20 и 21 часот. Брегалница веќе е излеана на повеќе места.
Градоначалникот на Виница, Емил Дончев информира дека веќе се евакуирани три семејства во селото Истибања.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








